Emre Aytekin
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден, изрази загриженост во врска со зближувањето на американската администрација на претседателот Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Бајден во обраќање за новинарите во американскиот Конгрес изјави дека зближувањето на администрацијата на Трамп и Путин го смета за загрижувачко.
„Фактот што оваа блискост со Путин сè уште трае е нешто загрижувачки", истакна Бајден.
Тој ја критикуваше одлуката на Рекс Тилерсон, американскиот државен секретар, да не учествува на состанокот на НАТО и потоа да ја посети Москва.