Ekipa
15 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
АЛ КУДС (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дополнителни 100 милиони долари за поддршка на болниците во источен Ал Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денеска со задоволство можам да објавам дека САД издвојуваат дополнителни 100 милиони долари за поддршка на овие болници, за вашиот персонал кој работи за палестинскиот народ“, рече Бајден за време на посетата на болницата „Аугуста Викторија“ во окупираниот источен Ал Кудс.
Тој додаде дека Палестинците и Израелците „заслужуваат еднакви мерки на слобода, безбедност, просперитет и достоинство, како и пристап до здравствена заштита“.
Посетата на Бајден на болницата во источен Ал Кудс беше без придружба на израелски или палестински претставници.