Khalid Mejdoup,Çağrı Koşak
15 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
РАБАТ (АА) - Пожарите во северниот дел на Мароко, кои траат веќе два дена и оштетија повеќе од 1.000 хектари шума, сѐ уште не можат да се стават под контрола, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Мароканската новинска агенција МАП, објави дека Фуад ал Асали, директор на Националната агенција за управување со шуми и климатски ризици, информира дека пожарите беснеат веќе два дена во регионите Ел Араис, Лараш, Титван, Увзан и Таза.
Асали изјави дека голем број екипи интервенирале во пожарите со теренски возила и авиони и додаде дека армиските сили ги поддржале напорите за гаснење на пожарите.
Наведувајќи дека е предизвикана штета на над 1.000 хектари шумски површини, претежно во Лараш и Увзан, Асали нагласи дека ветрот и топлото време ја отежнуваат интервенцијата на екипите.