Muhammed Bilal Kenasari
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Властите на Соединетите Американски Држави (САД) порачаа дека Корејскиот Полуостров треба да се исчисти од нуклеарното оружје и дека тој процес е предуслов за какви било преговори со властите на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален Пјонгјанг во последните денови упати пораки за подготвеност на Северна Кореја за воспоставување директни врски и контакти со САД, а од Белата куќа порачаа дека пред Северна Кореја има светла иднина доколку се откаже од развојот на нуклеарното оружје.
„Администрацијата на претседателот Доналд Трамп има јасна цел за целосно и неповратно расчистување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров. Во зависност од ставот кон тој процес ќе ја видиме доследноста на пораките кои доаѓаат од Пјонгјанг“, се вели во соопштението.
Од Белата куќа, исто така, е најавено дека САД и остатокот од меѓународната заедница ќе продолжат јасно да ѝ укажуваат на Северна Кореја дека развојот на балистичката и нуклеарна програма ја води таа земја во безизлезна ситуација.