Tuğrul Çam
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски држави (САД) Барак Обама објави листа на десет најважни настани во 2015 година за него и САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку телевизија Обама им се обрати на жителите на САД во свое последно редовно неделно обраќање во 2015 година.
"Се наоѓаме во најубавиот период од годината", рече Обама, мислејќи на божиќните празници и ги прочита десетте најважни настани во 2015 година, кои, како што рече, жителите на САД во наредната година ќе ги направи поомитистични.
На десеттата позиција Обама ја стави економијата и речке дека во последните 12 месеци се вработија 2,5 милиони жители, а стапката на невработеност беше пет отсто, односно најмала во последните осум години.
На деветото место се наоѓа здравството, а причина за тоа е да прв пат помалку од 10 отство од жителите на САД се без здравствено осигурување.
На листата на Обама осмо место завзема спогодбата за климатските промени од Париз, седмо нормализацијата на односите со Куба, а на шестото место е спогодбата за иранската нуклеарна програма.
Според Обама, петтиот најважен настан во 2015 година е "силниот став во борбата против тероризмот".
"ДАЕШ во Сирија и Ирак ја губи територијата. Нема да застанеме додека во потполност не ја уништиме терористичката организација", рече Обама.
На четвртата позиција е Спогодбата за Транс-пацифичкото партнерство со азиско-пацифичките земји, додека третата позиција припадна на усвојувањето на буџетот во Конгресот, како и усвојување на законот за образование.
Кога е во прашање втората позиција, Обама рече дека "победи љубовта" .
"Кој и да сте имате право да се венчате со саканата личност во САД. Оваа слобода важи во сите 50 држави" , рече Обама со оглед дека од јуни 2015 година истополниот прак е легален во сите 50 држави на САД.
Најважен во 2015 година за Обама е американскиот народ, бидејќи како што рече сите ставки кои ги наброја ги овозможи никој друг, туку американскиот народ.
"Ако бидеме единствени за нас ништо нема да биде невозможно", заклучи Обама.