Ömer Tuğrul Çam
25 Јули 2021•Ажурирај: 27 Јули 2021
БРИСЕЛ (АА) - Белгија по втор пат за нешто повеќе од една недела е зафатена со поплави, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден, некои улици во градот Намур беа поплавени во вечерните часови, како и многу домови и подруми.
На видеата споделени од граѓаните на социјалните мрежи се гледа како возила во градот Динант се носени од надојдената вода.
Одредени патишта се затворени во подрачјето поради поплавите, а неколку домови се евакуирани поради рушењето на потпорен ѕид.
Сè уште не се знае дали има евентуални жртви.
Метеоролозите предвидоа обилни врнежи од дожд во текот на денот.
Минатата недела најмалку 37 лица загинаа, а неколку куќи се срушија поради поплавите во источна Белгија.