Abdullah Tevge
16 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
ЛАВОВ (АА) - Борците доброволци од Белорусија денеска од градот Лавов заминаа на пат кон украинскиот главен град Киев за да се борат против руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние ќе се бориме за независноста на Украина. Бидејќи ние добро знаеме дека ако Украина не е независна, и Белорусија нема да биде независна во иднина“, рече Павел Кулажанка, кој ја предводи групата.
Кулажанка нагласи дека за разлика од белорускиот претседател Александар Лукашенко, тие се на страната на Украинците.
Ставајќи го на себе своето оружје, 20-те борци кои дојдоа на железничката станица во Лавов, рекоа дека се подготвени да ги исполнат задачите што ќе им ги даде Украинската армија.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна истапување на глобални фирми од Русија.
Најмалку 691 цивил загинаа, а 1.143 се повредени во Украина од почетокот на војната.
Повеќе од 3 милиони бегалци заминаа во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.