Dmitri Chirciu
16 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
МОСКВА (АА) - Украина го нуди неутралниот и демилитарилизиран модел на Австрија и Шведска, изјави Владимир Медински, советникот на рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека е постигнат напредок во некои прашања во преговорите со Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Медински, кој ја предводеше руската делегација во преговорите со Украина, наведувајќи дека преговорите продолжуваат, рече: „Навечер преговорите се прекинуваат од технички причини и адвокатите ја преземаат работата. Секако, ова е тешка задача.“
Тој истакна дека позициите на двете страни се конкретни и јасни, за што рече: „Има напредок во некои пристапи, но не во сите.“
- „Украина го нуди неутралниот модел на Австрија и Шведска“
Потсетувајќи дека Украина го напушти поранешниот Советски Сојуз во 1991 година под услов да биде неутрална, Медински рече дека тој услов е вклучен во Декларацијата за државниот суверенитет на Украина.
„Прашањата во преговорите се познати. Меѓу нив се зачувувањето и развојот на статусот на неутралност на Украина, нејзината демилитаризација. Се разговара за некои прашања поврзани со големината на Украинската армија. Украина го предлага неутралниот и демилитаризиран модел на Австрија и Шведска, но во исто време сака да биде држава која ќе има војска и воена морнаица“, додаде тој.
Медински рече дека за сиве овие прашања се разговарало и на ниво на министерствата за одбрана на Русија и Украина.