Barış Seçkin
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
РИМ (АА) - Бројот на загинатите во вчерашниот судир на два воза во италијанскиот регион Пуља се искачи на 27 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ужасен судир на два воза се случи вчера помеѓу местата Андрија и Карара, северно од центарот на Бари, а билансот на загинатите се зголеми бидејќи во болницата починаа неколку повредени.
Италијанската новинска агенција АНСА објави дека бројот на жртвите се искачил на 27, а дека во болница на лекување сѐ уште се наоѓаат 15 повредени во железничката несреќа од вчера.
Истиот извор вели дека според првичните резултати од истрагата за причините за несреќата, во прв план се става можноста дека до судирот дошло поради човечка грешка. Семејствата на загинатите денес треба да ги земат телата на своите најблиски.
Иако од судирот пројдоа 24 часа, на местото на несреќата сѐ уште работат противпожарните служби и медицински екипи, бидејќи стравуваат дека под остатоците на возот може да има уште жртви.
Местото на несреќата вчера го посети италијанскиот премиер Матео Ренци. Насловните страници на италијанските медиуми се посветени на оваа трагедија.
Директниот судир на двата воза се случил додека возовите се движеле со брзина од 100 километри на час.