Amina Zorniç
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Едно лице загина а едно е тешко повредено на планината Белашница, Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација за АА ја потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, Ирфан Нефиќ, кој е пат кон местото на несреќата.
„Тројца планинари останале заглавени на Белашница во попладневните часови. Едно лице смртно настрадало а уште едно е тешко повредено. Јас одам кон местото на несреќата, во спасувањето учествува планинската спасувачка служба, ангажирана е хеликоптерската единица на Оружените сили”, рече Нефиќ за АА.
Тој додаде дека сè уште не е позната возраста на планинарите.