Mohamed Sabry Emam Muhammed
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку десет лица загинаа утринава во ирачкиот главен град Багдад, во напад со автомобил-бомба од страна на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Автомобилoт полн со експлозив експлодирал во близина на болница, во населбата Ал-Карада, во центарот на Багдад, изјави за АА полицискиот службеник Хасан ал-Нуфал.
„Телата на загинатите беа примени во болниците на Багдад“, вели здравствен извор под услов на анонимност.
„Најмалку 28 лица беа повредени во нападот“, додаде изворот.
Од оперативната команда на Багдад претходно изјавија дека загинале седум лица, а 14 биле повредени.
Одговорност за нападот презеде ДАЕШ.
Ирак се наоѓа во безбедносен вакуум откако ДАЕШ во 2014 година освои големи површини на територии во северен и во западен Ирак.
Во јули, повеќе од 300 лица беа убиени и голем број беа повредени во големиот самоубиствен бомбашки напад од страна на ДАЕШ во Ал Карада.