Hakan Çopur
12 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, разговараше со израелскиот министер за надворешни работи, Габриел Ашкенази, упатувајќи повик до израелската и палестинската страна да ја намалат „напнатоста и да го запрат насилството“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпапоролот на Стејт департментот, Нед Прајс, упати писмена изјава во која се осврна на телефонскиот разговор меѓу Блинкен и Ашкенази.
Блинкен во телефонскиот разговор изразил загриженост поради ракетните напади на Израел и изразил сочувство поради загинатите во споменатите напади. Блинкен не изразил сочувство за Палестинците загинати во израелските напади.
Двајцата министри разговарале за текот на насилствата во џамијата „Ал-Акса“, како и за случаите со домовите на палестинските семејства во Шеик Џара.
„Министерот Блинкен уште еднаш ги повика сите страни да ја намалат напнатоста и да стават крај на насилството, кое ги чини и Палестинците и Израелците, вклучувајќи ги и децата. Исто така нагласи дека Израелците и Палестинците би требало да можат да живеат во безбедност и да имаат еднаков степен на слобода, безбедност, просперитет и демократија“, пишува во изјавата на Прајс.
Блинкен, исто така, му ја повторил на израелскиот колега непоколебливата поддршка на САД за Израел.