Sayed Khodaıberdı Sadat
04 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
КАБУЛ
Едно лице загина како резултат на бомбашки напад извршен во градот Мазари-Шариф, кој се наоѓа во авганистанската северна покраина Балх, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Полициската дирекција во Балх, Адилшах Адил, во изјава за АА истакна дека била активирана бомба поставена во едно возило во подрачјето на Пули-Тасади во Мазари-Шариф.
Адил информираше дека во нападот смртно настрадало едно лице, додека три лица се повредени.
Тој нагласи дека жртвите и повредените во нападот се цивили.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.