Hamdi Yıldız
04 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
БАГДАД
Во ирачкиот главен град, Багдад, е извршен воздушен напад врз конвој во кој се наоѓале команданти на „Хашд ал Шаби“, при што загинале шест лица што се наоѓале во возилата во конвојот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на ирачкиот телевизиски канал „Сумерије“, која е врз врз основа на безбедносните извори, извршен е воздушен напад врз конвој во подрачјето на Таџи, кое се наоѓа во северниот дел на Багдад.
Според вестите на некои локални медиуми, во возилата во конвојот се наоѓале команданти на единицата „Кетаиб Имам Али“, која е под покривот на „Хашд ал Шаби“.
Исто така, според информациите што во врска со овој случај ги пренесе Новинската агенција „Ројтерс“, во нападот загинале шест лица кои се наоѓале во возилата во конвојот.
Сè уште не е дадена официјална изјава во врска со овој случај.