Tayfun Salcı
24 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Во рамките на законот на борбата против тероризмот на аеродромот „Stansted“ во Лондон синоќа е приведено лице кое се обидувало да отпатува од Велика Британија во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од британската полиција, „Scotland Yard“ (Скотланд Јард), лицето е приведено пред да се качи во авион.
Маж на возраст од 37 години чиј идентитет не е објавен е приведен во рамките на борбата против тероризмот, но не е утврдена поврзаноста со нападот во Манчестер кој се случи на 22 мај.
Во соопштението се наведува дека осомничениот е префрлен во полициска станица во јужниот дел на Лондон, а приведен е во рамките на ограничувањата донесени во врска со патувањата во Сирија.
Полицијата изврши претрес на две адреси во северниот дел на Лондон, а локациите се поврзани со осомничениот.
Пред крајот на концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде во „Манчестер арената“ на 22 мај одекна силна експлозија во којашто загинаа најмалку 22, а ранети беа 59 лица.
Полицијата претходно потврди дека осомничен за нападот во Манчестер е 22-годишниот британски државјанин Салман Абеди.
Британските медиуми наведуваат дека Абеди е роден во Манчестер, и дека доаѓа од семејство со либиско потекло. Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападот.