Emel Öz Gözellik
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Во вооружен напад врз угостителски објект во Бразил загинаа 11 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициските официјални претставници наведоа дека нападот врз угостителскиот објект во Белем го извршиле вооружени лица кои дошле во три автомобили и на мотоцикл. Меѓу 11-те смртно настрадани лица има и шест жени, а започната е истрага за овој случај.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, во јануари потпиша одлука со која се олеснува купувањето оружје во земјата. Според одлуката, оние што сакаат да купат оружје во Бразил мора да ја наведат причината поради која им е потребно.