Aydoğan Kalabalık
19 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
КАИРО (АА) - Во близина на музејот во подрачјето каде што се наоѓаат пирамидите во Гиза, Египет, се случи експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека до експлозијата дошло при поминување на туристички автобус во близина на Големиот музеј, чија изградба е во тек.
Министерството за внатрешни работи на Египет не упати соопштение, ниту пак даде информации за тоа дали имало загинати или ранети.
Во нападот кој на истото подрачје се случи во септември, загинаа четири лица, меѓу кои тројца туристи.