Ayhan Şimşek
26 Април 2023•Ажурирај: 27 Април 2023
БЕРЛИН (АА) - Воени авиони на НАТО пресретнаа руски извидувачки летови над Балтичкото Море, соопштија денес од германското воздухопловство, пренесува Анадолу.
Во соопштението на „Луфтвафе“ се вели дека биле предупредени откако радарот детектирал три непознати авиони кои летаат во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море.
Британските и германските авиони „Еурофајтер“ се обидоа да ги пресретнат авионите и идентификуваа два руски „СУ-27 Фланкери“ и „ИЛ-20“ кои летале без транспондерски сигнал, се вели во соопштението.
Германските воздухопловни сили на Твитер споделија слики од рускиот воен авион пресретнат од авионите на НАТО.
Воздухопловните сили на Велика Британија и Германија управуваат со борбените авиони „Еурофајтер тајфун“ од воздухопловната база „Амари“ во Естонија како дел од мисијата на НАТО за заштита на територијата на Алијансата во источна Европа.
Балтичката држава Естонија, инаку членка на НАТО од 2004 година, има 294-километарска граница со Русија.