Hasan Esen
19 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, вети дека доколку победи на изборите, ќе започне поинтензивна борба против злосторствата на нападите со нож, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Џонсон, при посетата на Манчестер во рамките на предизборната кампања, зборуваше за зголемениот број напади извршени со ладно оружје, првенствено во главниот град Лондон.
„Владата на Конзервативната партија многу силно ќе тргне против злосторствата сторени од напади со нож“, рече Џонсон, додавајќи дека на полицијата ќе ѝ бидат дадени поголеми ингеренции, со цел да се спречат злосторствата и виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Затоа објавувам дека на полицијата ќе ѝ обезбедиме поголема слобода да ги запира и да ги претресува лицата за кои е познато дека во минатото носеле нож. Освен тоа, ќе ги забрзаме судските процеси со цел за нивно поефикасно фаќање.“
Според податоците на Националниот завод за статистика на Велика Британија, за една година, бројот на злосторствата извршени со нож и остра алатка од 41.000 се зголемени на 44.000.
Во зголемениот број напади со нож, кој е еден од најважните проблеми во земјата, значајно место има главниот град Лондон. Бројот на смртни случаи од напад со нож во Лондон во 2018 година изнесуваше 132, а досега во овој град има 120 смртни случаи.
Британската Влада, поради несогласувањата за Брегзит во Парламентот побара предвремени избори. Со поддршка на главната Лабуристичка партија, донесена е одлука предвремените избори во Велика Британија да се одржат на 12 декември.