Emre Aytekin
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА (АА) - Бројката на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) ширум светот надмина 500.000 случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата објавена на интернет страницата „Worldometer“, во светот вкупно биле откриени 500.542 случаи на Ковид-19.
На чело на листата на земјите каде се откриени најмногу случаи се наоѓа Кина со 81.285 случаи, по која следат САД со 74.422 случаи, Италија со 74.385 случаи.
Во продолжените на оваа листа се наоѓа Шпанија со 56.197 случаи, Германија со 41.519 случаи, Иран со 29.406 случаи, Франција со 25.233 случаи и Швајцарија со 11.712 случаи.
Овие се земји каде бројката на откриени случаи надмина 10.000.
Овој вирус за се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а потоа се ширење во околу 200 земји и региони, со што беше прогласена пандемија.
Како резултат на Ковид-19, во светот починаа 22.334 лица.