Ata Ufuk Şeker
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
БРИСЕЛ
Бројот на жители на 27-те земји членки на Европската Унија (ЕУ) во 2020 година изнесува 447,7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за статистика на Европската Унија (Еуростат) ги објави најновите податоци за бројот на жители во земјите членки на ЕУ од први јануари 2020 година.
На почетокот на 2019 година, бројот на жители на ЕУ, кога имаше 28 членки, изнесуваше 513,5 милиони, но овој број е намален откако во 2020 година Велика Британија и официјално го напушти европскиот блок.
Со ова бројот на жители на сегашните 27 држави членки на ЕУ во 2020 година е намален на 447,7 милиони.
Германија со 83,2 милиони е земја со најголема популација во ЕУ, а потоа следуваат Франција со 67,1 милион, Италија со 60,2 милиони, Шпанија со 57,3 милиони и Полска со 38 милиони жители.
Во текот на 2019 година во земјите на ЕУ се забележани 4,2 милиони родени и 4,7 милиони починати.