Nazir Aliyev Tayfur
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
БИШКЕК (АА) - Бројот на лицата што ги загубија животите на страната на Киргистан во судирот што изби на 16 септември меѓу единиците на Националната гарда на Киргистан и Таџикистан се зголеми на 59, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Киргистан се наведува дека бројот на загинати се зголемил на 59 откако телата на уште 13 лица се донесени во здравствените установи.

Се наведува дека бројот на повредени е зголемен на 144, а лекувањето на 102 од нив продолжува во градските болници во Бишкек и Ош.
Министерството за надворешни работи на Таџикистан соопшти дека во судирот на границата загинале 25 цивили.
По должината на границата на Киргистан и Таџикистан, во утринските часови на 16 септември, од засега неутврдена причина се судриле националните гарди на двете земји.