Sinan Doğan
12 Мај 2024•Ажурирај: 13 Мај 2024
БОГОТА (АА) - Бројот на загинати во поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд во Бразил се искачи на 137, објавија властите, јавува Анадолу,
По обилните дождови кои од минатата недела ја зафатија јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, загубата на животи и имот постојано расте.
Според соопштението на Цивилната одбрана, 125 лица се водат како исчезнати.
Бројот на повредени се искачи на 756, а од поплавите погодени се повеќе од 2 милиони луѓе.
Дополнително се истакнува дека над 600.000 луѓе се раселени.
Се нагласува дека болниците го достигнале целиот свој капацитет, поради што е потребна дополнителна поддршка за грижа за пациентите.
Во операциите за пребарување и спасување вклучени се над 28.000 луѓе.
- Прогласена вонредна состојба -
Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, во изјава на 3 мај истакна дека сè уште има области до коишто властите не можат да дојдат.
„Поминуваме низ екстремно исклучителна ситуација. Ова не е само критичен настан, тоа е најразорниот настан во историјата на државата“, рече тој.
Леите објави „состојба на катастрофа“ за 180 дена поради обемот на трагедијата и сериозни напори за евакуација на погодените.