Amir Latif Arain
30 Јули 2026•Ажурирано: 30 Јули 2026
Бројот на загинати од силниот земјотрес што ја погоди југозападната јапонска префектура Кумамото на островот Кјушу оваа недела се искачи на 30, изјави денес премиерката Санае Такаичи, пренесе јавниот сервис НХК, пренесува Анадолу.
Обраќајќи се на владина седница, Такаичи изјави дека оваа бројка вклучува лица чија смрт сè уште е под истрага за да се утврди дали е директно поврзана со земјотресот со магнитуда од 7,1 што се случи во вторникот, а кој предизвика оштетувања на станбените објекти и далеководите.
Во меѓувреме, напорите за пребарување и спасување продолжуваат кај урнат трговски центар и оштетена фабрика за хартија.
Железничката линија „Кјушу шинкасен“ меѓу станиците Кумамото и Кагошима-чуо остана во прекин додека надлежните сѐ уште ја проценуваат штетата.
Повеќе од 10.000 луѓе престојуваа во центрите за евакуација заклучно со утринава.