Amir Latif Arain
23 Септември 2026•Ажурирано: 23 Септември 2026
Бројот на загинати во тајфунот Дуџуан, што ја погоди источна Јапонија претходно оваа недела, денес се искачи на девет, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Телото на жена било пронајдено во префектурата Канагава, додека во префектурата Чиба, источно од Токио, било пронајдено телото на маж во потопено возило, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“, повикувајќи се на локалните власти.
Потрагата продолжува по четири лица кои сè уште се водат како исчезнати.
Од деветте жртви, шест загинале во префектурата Чиба, а три во префектурата Канагава.
Тајфунот предизвика особено големи последици во Чиба, откако областа веќе беше погодена од обилни врнежи и поплави во август и почетокот на септември.