Mustafa Deveci
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
КУДС (АА) - Бројот на загинати Палестинци во нападите кои израелската војска ги започна на 10 мај врз Појасот Газа кој е под блокада, и кои завршија по постигнатото примирје, се зголеми на 243, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По постигнатото примирје помеѓу Хамас и Администрацијата на Тел Авив, во 2:00 часот прекинаа нападите на Израел кон Газа.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави ново соопштение во врска со бројот на загинати во 11-дневните напади кои Израел ги изврши во ова подрачје.
Во соопштението се наведува дека бројот на загинати Палестинци како резултат на израелските напади во Газа се зголемил на 243.
Се истакнува дека меѓу загинатите има 66 деца и 39 жени, додека во нападите повредени се 1.910 лица.