Didar Yüsra Dilruba Öz
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
САНА (AA) – Бројот на загинати во воздушниот напад на брод со мигрантите во Црвено море кај јеменскиот остров се зголеми на 42 лица, соопштено е од Меѓународната организација за миграции (ИОМ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Бродот преполн со сомалиски бегалци, меѓу кои имаше и жени и деца, беше на пат за Судан кога е нападнат од хеликоптер. ИОМ додаде дека пружил медицинска и финансиска помош и обезбедил храна за 39 мигранти кои го преживеале нападот.
„Нападот се случи во Црвено море кај Јемен во четврток вечерта", рече Жоел Милман, портпарол на ИОМ на конференцијата за медиуми во петок.
Во денешното соопштение се наведува дека во Јемен се наоѓале 270.000 бегалци, од кои 255.000 државјани на Сомалија.
Сеуште никој не презел одговорност за нападот.