Nuri Aydın
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 150 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 1.150.497 лица во светот успеале во борбата против Ковид-19.
Земјите во кои регистрани се најголем број на излекувани лица од овој вирус се следни:
„САД (178.235), Шпанија (148.558), Германија (130.600), Италија (81.654), Иран (78.422), Кина (77.713), Турција (63.151) и Франција (50.784)“.
Бројот на откриени случаи во светот изнесува 3 милиони 553 илјади и 313, додека 247.466 лица во светот починаа како последица на овој вирус.