Ihvan Radoykov
11 Декември 2021•Ажурирај: 11 Декември 2021
СОФИЈА (АА) - Четири партии во Бугарија вчера постигнаа договор да формираат коалициска Влада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бугарската социјалистичка партија (БСП), партијата „Има таков народ“ (ИТН), коалицијата Демократска Бугарија и партијата „Продолжуваме со промените“ (ПП) потпишаа договор за коалиција по неколкунеделни разговори.
Според тоа, претседателот Румен Радев денес ќе му го врачи мандатот на мандатарот од партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков.
Поранешниот премиер Бојко Борисов поднесе оставка во април, откако го загуби мнозинството во Парламентот по неколкумесечните антикорупциски протести против него и неговата партија ГЕРБ.
И по изборите во април и оние во јули не се успеа да се оформи влада поради нејасното мнозинство и несогласувањата меѓу партиите за новиот Кабинет.
Инаку, партијата „Продолжуваме со промените“, победи на општите избори на 14 ноември.