Adem Şalvarcıoğlu
01 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 12 лица го загубија животот во поплавите и свлечиштата предизвикани од бурата што ја погоди Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на италијанската новинска агенција АНСА (ANSA), поплавите и свлечиштата се предизвикани од бурата која од неделата навака погоди различни места во земјата, при што досега смртно настрадаа 12 лица.
Бурата достигна најголема брзина во подрачјето на Лигурија, односно 180 километри на час.
Се вели дека над 20.000 лица во регионот немаат пристап до електрична енергија.
Исто така, италијанскиот североисточен град Венеција е погоден од бурата, каде што 75 отсто од копното на градот се наоѓа под вода.
Меѓу загинатите се наоѓа и еден пожарникар доброволец кој учествувал во операциите за пребарување и спасување.