Adem Şalvarcıoğlu
01 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Тајфунот Јуту, кој пред пред два дена стана активен во северните делови на Филипини, досега одзеде 15 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во подрачјата на градот Натонин, во областа Кордилера што се наоѓа во северните делови на Филипини, поројните дождови предизвикани од тајфунот Јуту создадоа свлечишта во кои досега животот го загубија 15 лица.
Истовремено најмалку 20 лица се водат како исчезнати.
Се дознава дека во спасувачките акции учествуваат повеќе од 100 лица, во чиј состав се наоѓаат работници, полицајци, пожарникари и волонтери.
Официјални претставници на власта информираа дека тајфунот Јуту пред два дена, во раните утрински часови го погодил местото Динапике, во градот Изабела, со 150 километри на час, додавајќи дека тајфунот повремено достигнувал брзина од 210 километри на час.
Пред тајфунот да започне да ги корне дрвјата и електричните столбови и да ги крева во воздух куќните кровови, повеќе од 10.000 лица од северните делови на Филипините се евакуирани во побезбедни места.
Минатиот месец тајфунот Мангхут одзеде повеќе од 100 животи.