Alaattin Doğru
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ДАКАР
Во Буркина Фасо 12 лица осомничени за тероризам пронајдени се мртви во центарот за притвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните медиуми се вели дека жандармеријата на градот Танвалбугу, кој се наоѓа во северниот дел на земјата, поради учество во терористички активности привела 12 лица.
Жудикел Кадеба, регионалниот обвинител, соопшти дека 12 лица обвинети за тероризам кои на 12 мај биле приведени, неколку часа откако биле донесени во станицата биле пронајдени мртви.
Кадеба информира дека е започната истрага во врска со настанот, но не даде детали околу причината за смртта на осомничените.
Обвинителот Кадеба го повика локалното население на смиреност, барајќи од народот да соработува со безбедносните сили за да се разјасни случајот.