Selen Temizer,Mohamad Misto
03 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Најмалку 131 цивил е убиен во руските воздушни напади во Сирија во текот на изминатите пет дена на траење на женевските преговори со цел изнаоѓање на политичко решавање на сириската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Опсерваторијата за човекови права во Сирија јавува дека Русија со интензивирање на воздушните напади во Сирија се обидува да го спречи учеството на сириската опозиција на преговорите во Женева.
Преговорите во Женева почнаа во петок, а за време на првите четири дена во руските воздушни напади убиен е 61 цивил во Сирија. Вчера во такви напади загинаа уште 70 цивили.
Најинтензицни напади на руските бомбардери се забележани вчера во Алепо, каде животот го загубија 58 цивили. Во нападите во Идлиб загинаа осум, во Хомс десет, во Дери 13, на периферијата на Дамаск осум, во Рака десет и во Диер Езор 24.
Портпаролот на опозицискиот Врховен преговарачки комитет во Женева, Салим ал-Муслат вчера изјави дека Русија со убивање на цивилите се обидува да ги блокира преговорите.
Делегацијата на сириската опозиција го откажа вчера планираниот состанок со пратеникот на Обединетите нации Стефан де Мистура и ја повика меѓународната заедница да изврши додатен притисок на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и Русија да ги запрат нападите и создадат сигурен амбиент за преговарачкиот процес.