Hasan Esen
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 269 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 31.855, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 во болниците, во домовите за стари лица и во своите домови починаа 269 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 31.855.
Во последните 24 часа во земјата се направени 92.837 тестирања за Ковид-19.
Исто така, во последните 24 часа се откриени уште 3.923 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 219.183.