Esra Tekin
06 Октомври 2025•Ажурирај: 07 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Универзитетот Линколн во Велика Британија ќе предводи проект за вештачка интелигенција во одбраната на земјата, јавува АНадолу
Во проектот ќе учествуваат уште шест универзитети од земјата, меѓу кои и Оксфорд и Кембриџ, со фокус на развој на технологии кои ќе ѝ помагаат на владата и војската во ситуации поврзани со националната безбедност, како што се тероризам и кибернапади.
Според заменик-ректорот на Универзитетот во Линколн, Џулијан Фри, вештачката интелигенција ќе се користи во симулирани воени игри (wargaming) со цел да се создадат „најдобрите можни решенија“.
„Таа ќе се користи за да се разберат нашите потези и потезите на непријателот и можеби да се донесуваат подобри одлуки“, изјави Фри.
Министерството за одбрана на Велика Британија склучи договор за истражување во вредност од 1 милион фунти за проектот.
Овие симулации ќе помогнат и во креирањето на идните државни стратегии за справување со безбедносни предизвици, не само во воената сфера, туку и во други сектори, како полицијата.
Сценаријата може да опфатат закани од непријателски држави, економски нарушувања или еколошки вонредни ситуации.