Gökhan Kurtaran
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
ЛОНДОН (АА) - Цените на становите во Велика Британија во мај оваа година забележаа голем раст на годишно ниво, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на станбената кредитна институција „Нејшнвајд“, цените на становите во земјата се зголемиле за 10,9 отсто на годишно ниво во мај 2021 година, што е најголем раст во последните седум години.
Во август 2014 година е забележан годишен раст на цените на становите од 11 отсто. Годишниот пораст од 10,9 отсто во мај годинава е најголем пораст на цените на становите од тој период.
Во соопштението на „Нејшнвајд“ се наведува дека многу граѓани во земјата во последниот период изразиле желба да купат поголеми станови и куќи.