Ahmet Dursun
29 Јули 2022•Ажурирај: 30 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Велика Британија тврди дека Русија распоредила платеници на „Вагнер“ во делови на фронтот во источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација е истакната во разузнавачкиот извештај за ситуацијата во Украина која ја објави британското Министерство за одбрана.
Наведено е дека војниците на „Вагнер“ од март дејствуваат во координација со руската војска во источна Украина и оценето е дека „Вагнер“ можеби добил одговорност за одредени подрачја на фронтот, како и нормални воени единици.
„Можеби таквата одлука е донесена бидејќи Русија е соочена со голем недостиг на пешадија во војната со Украина. Силите на „Вагнер“ веројатно нема значајно да влијаат на текот на војната“, пишува во извештајот.
Во соопштението на британското Министерство за одбрана од 18 јули е наведено дека Русија ги користела трупите на „Вагнер“ во инвазијата на Украина за да го пополни недостигот од персонал на првите линии на фронтот.