Lokman İlhan
25 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
КАРАКАС (АА) - Најмалку 23 затвореници го загубија животот во една полициска станица во Венецуела во судирот помеѓу затворениците и полицијата настанат по обидот на затворениците да избегаат од полициската станица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во медиумите во Венецуела, затворениците во полициската станица во покраината Португеза, при обид за бегство ја нападнале полицијата со своето оружје.
На настанатите судири, најмалку 23 лица ги загубиле своите животи, а 19 полицајци биле повредени.
Од официјалните власти нема никакви информации во врска со настанатиот инцидент, а од други извори има различни тврдења за бројот на жртвите и за местото на настанот.
Некои медиуми објавија дека конфликтот се случил поради обидот за немири во еден затвор, и дека во инцидентот загинале 29 лица.