Betül Yürük
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Хатиџе Џенгиз, вереницата на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој пред три години беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул, го повика познатиот канадски пејач Џастин Бибер да го откаже концертот во Саудиска Арабија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бибер е една од музичките ѕвезди кои ќе настапуваат на првата Голема награда на Саудиска Арабија во Формула 1, која ќе се одржи на почетокот на декември во Џеда.
Во отвореното писмо кое го објави „Вашингтон пост“, Џенгиз го повикува Бибер со повлекување од настапот да испрати силна порака.
„Можеби сте слушнале. Бруталното убиство се појави на насловните страни низ светот и оттогаш многу организации за човекови права и бранители, вклучувајќи ме и мене, бараат правда и одговорност“, напиша Џенгиз.
Таа истакна дека Бибер има единствена можност да покаже дека неговото име и талент нема да користат во враќањето на репутацијата на режимот кој ги убива своите критичари, и го повика пејачот да не пее за убијците за нејзиниот сакан Џамал.
Новинарот на „Вашингтон шост“, Џамал Кашоги беше убиен во комплексот на саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година, каде што отишол на закажан термин за издавање на потребните лични документи за венчавка.