Emin Avundukluoğlu
20 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека во турската антитерористичка операција „Киран“ во југоисточниот дел на земјата биле неутрализирани вкупно 121 терорист на ПКК и биле уништени речиси 229 пештери, засолништа и складишта, јавува Агенција Анадолија (АА).
„363 терористи оваа година и 1.144 вкупно се неутрализирани по идентификацијата на нивните локации со беспилотни воздушни летала“, изјави Сојлу за членовите на Комисијата за планирање и буџет на турскиот Парламент.
„Во првите десет месеци од оваа година, 289 терористи се предадоа на безбедносните сили со напори на убедување“, изјави Сојлу.
Турција на 17 август оваа година ја започна операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата, насочена против терористите на ЈПГ/ПКК во областите Ван, Хакќари и Ширнак. Десет дена подоцна во областите Мардин, Ширнак и Батман е започната и операцијата „Киран 2“. Следуваа уште четири операции, а последната, „Киран 6“, започна во средата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Сојлу, исто така, ги информираше пратениците за враќањето на Сиријците во нивните домови во северна Сирија.
„Како резултат на пограничните антитерористички операции на Турција против ДЕАШ и ПКК/ЈПГ, 368.217 Сиријци се вратија во нивната земја“, изјави Сојлу.
Од 2016 година, Турција изврши три успешни операции во северна Сирија против терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ЈПГ: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016/17), операцијата „Маслинова гранка“ (2018) и операцијата „Извор на мирот“.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница и формирање безбедносна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тоа подрачје.
Турција и Русија на 22 октомври во Сочи постигнаа договор за привремено прекинување на турската операција, со цел повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од пограничниот појас на Сирија.