Ekipa
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 115 нелегални мигранти се спасени недалеку од северозападниот брег на Либија, соопшти денес либиската морнарица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, поморските сили поврзани со либиската Влада на национално единство, признаена од ОН, соопшти дека мигрантите биле спасени на 16 километри северно од градот Сурман.
Се додава дека сите мигранти биле Африканци.
Во петокот, најмалку 100 нелегални мигранти се удавија, откако нивниот чамец потона во Средоземното Море, во близина на либискиот брег.
Уште од падот на централните власти во Либија во 2011 година, северозападниот брег на земјата стана своевиден центар за илегална миграција кон Италија и кон другите земји во Европа.
Либија е главна транзитна точка за африканските мигранти за влез во Европа, особено во Италија.