10 Октомври 2023•Ажурирај: 11 Октомври 2023
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел на 11 и 12 октомври ќе се одржи состанок на министрите за одбрана на НАТО, на кој ќе се разговара за низа важни прашања, јавува Анадолу.
Со состанокот, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата, ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг ќе се обрати на пресот на крајот на двата дена од министерскиот состанок.
Утре (среда) најпрвин ќе се одржи состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина, а воведниот говор ќе го има американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, соопшти НАТО.
За попладневните часови е планиран состанок на Советот НАТО - Украина на седницата на министрите за одбрана со учество на шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон.
Потоа ќе биде одржана церемонија на потпишување на која сојузниците ќе се придружат на Центрите за обука на пилоти на НАТО (NFTE) и Церемонија на потпишување на која ќе биде официјализирано дека сојузниците се приклучуваат на Европскиот небесен штит (ESSI). На крајот на денот ќе има прес-конференција на генералниот секретар на НАТО.
В четврток средбата ќе започне со кратко обраќање на генералниот секретар на НАТО и на американскиот секретар за одбрана.
Потоа ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет во рамки на седницата на министрите за одбрана на која ќе учествува и министерот за одбрана на Шведска.
Попладне ќе има церемонија на потпишување со која сојузниците се придружуваат во Управувањето со воздушниот простор (АЕР), а на крајот на денот е предвидена прес-конференција на генералниот секретар на НАТО.