Ekipa
23 Септември 2022•Ажурирај: 24 Септември 2022
БЕЈРУТ (АА) ‒ Во несреќата на бродот со либански нерегуларни мигранти што потона вчера во близина на брегот на Сирија, 71 лице го загубија животот, известува Агенција Анадолија (АА).
Али Хамие, либанскиот министер за транспорт, за АА даде информации во врска со бродската несреќа што се случи вчера кај сирискиот град Тартус.
Министерот Хамие изјави дека како резултат на напорите и операциите за пребарување и спасување кои траат од вчера, досега се пронајдени телата на 71 лице, а 20 лица се спасени.
Министерот соопшти дека 12 од спасените се Сиријци, петмина се Либанци и тројца се Палестинци.
Хамие истакна дека продолжуваат активностите за пронаоѓање на исчезнатите лица, но не даде информации во врска со бројот на исчезнатите лица.
Во вестите објавени во либанските медиуми се наведува дека вчера потонал брод со мигранти кој испловил од градот Триполи, во северниот дел на земјата. На споменатиот чамец, покрај Либанци, имало и Сиријци и Палестинци.
Информативните сајтови блиски до режимот на Асад, објавија дека брод со нерегуларни мигранти кои сакале да стигнат до Европа од Либан потонал во близина на островот Ервад, кој се наоѓа спроти провинцијата Тартус во западна Сирија, при што во несреќата животот го загубиле 34 лица.