Sayed Khodaberdi Sadat
11 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Во североисточниот дел на Авганистан, во покраината Бадахшан, авионите на НАТО извршија воздушен напад на талибанските позиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на покраината Бадахшан изјави дека беспилотно летало на НАТО ги бомбардирало талибанските позиции во подрачјето Раџастан.
Тој наведе дека во нападот се убиени 8 талбански милитанти, а ранети се 15, и истакна дека воздушни напади се изведени и врз други подрачја кои се под контрола на талибанската организација.
Од страна на талибанците сѐ уште нема никакво соопштение во врска со настанот.