Meiramgul Kussainova
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
КИЕВ, Украина (АА) - Најмалку двајца цивили загинаа откако руските сили погодија станбена зграда во украинскиот главен град Киев, соопшти денес Државната служба за вонредни состојби на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Артилеријата погоди станбена зграда од 9 ката во областа Оболонски во северениот дел на Киев, во 05:09 часот по локално време, предизвикувајќи пожар во зградата.
Спасувачките тимови спасиле 63 лица од зградата, а извлекле тела на двајца цивили, соопшти службата за вонредни состојби на Телеграм.
Во меѓувреме, погонот за сериско производство „Антонов“ во Киев и регионот Охтирка во градот Суми се исто така погодени од руските воздушни сили.
Откако Русија ја започна војната против Украина, повеќе од 2,69 милиони луѓе избегале во соседните земји, според проценките на ОН.
Загинале најмалку 596 цивили загинаа, а 1.067 се ранети во Украина.
Додека ЕУ, САД и други воведоа санкции во Москва, многу компании и светски брендови се повлекоа од Русија.