Ruslan Rehimov
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
КИЕВ (АА) - Во Украина се уништени 389 тенкови, 77 авиони и 90 хеликоптери на руската армија, соопшти Генералштабот на вооружените сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на украинските сили објави податоци за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 13 март. Се наведува дека загинале околу 13.000 руски војници.
Оттаму додаваат дека се уништени 77 авиони, 90 хеликоптери, 389 тенкови, 1.249 оклопни возила, 150 артилериско оружје, 64 ракетни системи и 34 системи за противвоздушна одбрана на руските сили.