Mehmet Nuri Uçar
14 Август 2026•Ажурирано: 14 Август 2026
Во експлозија во трговски центар во Каиро, главниот град на Египет, загинаа 3 лица, а 17 се повредени, пренесува Анадолу.
Според информациите објавени во локалните медиуми, пожар избувнал откако експлодирала боца со хелиумски гас во продавница за сувенири и играчки, што се наоѓа на приземјето на Трговскиот центар „Арабела плаза“ во областа Нов Каиро.
Во инцидентот загинале 3 лица, а 17 се повредени.
Во соопштението на египетското Министерство за внатрешни работи се наведува дека експлозијата се случила во Трговскиот центар „Арабела плаза“, а пожарот од помал обем што избувнал по инцидентот бил ставен под контрола од екипите на цивилната заштита.
Се наведува дека поради експлозијата била причинета материјална штета и на излозите на некои околни продавници.
Беше соопштено дека египетското Обвинителство наредило сопственикот на продавницата за сувенири и играчки, каде што се случила експлозијата, да биде приведен и сослушан.
Обвинителството соопшти дека во првичните проверки било утврдено оти експлозијата била предизвикана од боца со гас и дека се ангажирани стручни екипи за да се утврди причината за инцидентот.
Се наведува дека истрагата за случајот продолжува.