Diyar Güldoğan
08 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Во Женева утре започнува редовната 42. сесија на Советот на ОН за човекови права, јавува Anadolu Agency (AA).
Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, на отворањето ќе го информира Советот за актуелната ситуација кога станува збор за човековите права во светот.
Сесијата на Советот за човекови права на ОН ќе трае до 27 септември, а вкупно 25 експерти ќе поднесат повеќе од 90 извештаи од таа област.
За време на сесијата ќе се разговара и за ситуацијата во Мјанмар, Јемен, Украина, Либија, Сомалија, Судан, Централноафриканската Република (ЦАР) и Грузија.
Советот е основан во 2006 година со одлуката на Генералното собрание на ОН, а 47 членки се задолжени за заштита на човековите права во светот.