Ali H. M.Abo Rezeg
05 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
САНА (АА) - Официјален претставник на Меѓународниот комитет на Црвената полумесечина (ICRC) денес соопшти дека најмалку 234 лица загинале во текот на изминатите четири дена во Сана, во судири меѓу шиитските бунтовници Хуси и силите лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех, кој беше убиен вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпарлот на ИЦРЦ, Аднан Хазам, за АА изјави дека ИЦРЦ исто така забележа 400 повредени лица за време на судирите.
„Во делови од главниот град каде што во последните денови беа забележани насилни судири сега преовладува предупредувачка смиреност“, додаде тој.
Хазам ги повика сите страни вклучени во конфликтот да избегнуваат да се нанесува штета на цивилите и да го олеснат доставувањето на хуманитарна помош до Јеменците.
„Јемен не може да си дозволи повеќе страдање“, додаде тој.
Вчера милитантите на Хусите го погубија Салех, кој до неодамна се сметаше за еден од примарните сојузници на групата.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и од Конгресот, кој го водеше соборениот претседателот Салех, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Судирите во Јемен дополнително ескалираа во 2015 година, кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници започнаа воздушна кампања со цел враќање на придобивките на Хусите во Јемен.