Turgut Alp Boyraz
01 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелското министерство за образование во училиштата во оваа земја, го забрани романот за љубовта помеѓу Израелка и Палестинец, тврдејќи дека претставува "закана за израелскиот идентитет", пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува израелскиот дневен весник "Haaretz", станува збор за романот "Живот на границата" (Borderlife), чија авторка е израелската писателка Дорит Рабинјан, на хебрејски јазик.
Како причина за забранувањето на овој роман се наведува неговата потенцијална "опасност за израелскиот идентитет", односно, потребата учениците да го заштитат своето културно наследство.
Во израелскиот дневен весник, кој ја поддржува забраната на овој роман, се наведува дека блискиот однос помеѓу евреин и некој кој не е евреин претставува посебна опасност по идентитетот.
Инаку, овој роман порано е препорачан од израелската комисија за литература, како лектира во секуларните државни училишта.
Израелската пистелка Рабинјан е со потекло од Иран, а во својот роман говори за Израелката Лиат и палестинскиот уметник Хилми, кои се запознаваат во Њујорк. Животот ги разделува, Лиат заминува за Тел Авив а Хилми во Рамала.